Радио Милева
камбек

Елена Ристеска го најави она што обожавателите долго време го очекуваат од неа (фото)

Елена Ристеска го најави она што обожавателите долго време го очекуваат од неа (фото)

Откако го започна бизнисот со парфемите и козметичката линија, пејачката Елена Ристеска комлетно се предаде на овој свој деловен подвиг, така што музиката остана во позадина.

Оттогаш помина доста време, а нова песна од Елена не сме слушнале. Неодамна во емисијата „Еден на еден“ пееше заедно со Ламбе, момент кога повторно држеше микрофон во рака пред камери за да го пушти својот препознатлив вокал.

Но, неодамна Елена се реши да се врати на она што најдобро го знае или го прави речиси две децении. Елена беше дел од фестивалот на нова музика „Наше море, наши скали“се одржа деновиве во Херцег Нови во организација на “Адриа и Јадран медиумска групација”.

Инаку, пејачката Елена Ристеска не настапуваше на сцената, но беше во официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот.

Оттаму Елена прати поздрав на Инстаграм и напиша нешто кое нејзините обожаватели одамна го очекуваат – нова музика од неа.

-Заврши долгонајавуваниот балкански фестивал “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Импресии одлични, учесници уште поодлични, море совршено.. Уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Заедно со “Адриа и Јадран медиска група” и @radio_s1 пробавме да направиме нешто поразлично од досегашните фестивали, со надеж дека секој следен фестивал ќе биде подобар.

Следен проект- нова музика од мене, најавува Елена Ристеска, а се надеваме дека оваа најава ќе се реализира за брзо време.

фото:елена ристеска/инстаграм

Останати вести од Радио Милева