Радио Милева
моќно и секси

Елена, Ана, Лејла и Тамара на авто -трка со многу возбуда и адреналин: Познатите Македонки се покажаа на која повеќе и врие во крвта, а победничка е… (фото)

Елена, Ана, Лејла и Тамара на авто -трка со многу возбуда и адреналин: Познатите Македонки се покажаа на која повеќе и врие во крвта, а победничка е… (фото)

Една ретко интересна случка викендов собра четири познати Македонки кои негуваат љубов кон автомобилите и брзото возење.

За да доживеат максимален адреналин и возбуда која се памети, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Ана Стојанова и Лејла Рамковска учествуваа на авто- трката „Твинго кап 2022“ која се одржа на патеката Серес во Грција.

Убав ден, позитивна енергија, многу смеење, дружење и секако натпреварувачки дух.

Секоја од нив изгледаше секси и моќно зад воланот, но само една беше најдобра во маневрите и педалот за гас.

Секоја се докажа колку умее или има храброст, а онаа што успеа да дојде до првото место и пехарот беше Тамара Тодевска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Пејачката за овој успех се пофали на својот Инстаграм профил каде следбениците и честитаа.

По ѕвездата која деновиве од „Бекстејџ“ ја доби за најдобра пејачка, така сега уште една награда и сатисфакција заврши во рацете на Тамара – пехарот за место број еден во женска авто -трка.

Можеби периодов и се случуваат не така убави нешта на приватен план околу разделбата со сопругот, но затоа таа добро знае како да компензира со висок напон на позитивни вибрации.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева