Радио Милева
Надарена зa сечиј поглед

Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка вака го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО)

Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка вака го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО)

Македонската фолкерка Џесика Палашоска важи за една од најнадарените на естрадата. И тоа во секој поглед. А Бога ми и за сечиј поглед!

Пејачката навистина поседува раскошни атрибути, на кои многу нејзини колешки не само од Македонија, можат да и позавидат.

Бујна и однапред и одзади, стегната во топ и тесни шарени хеланки, кои го отцртуваaт секој детал на нејзиното тело…

Февруари е месец на љубовта. Особено денот… 14 февруари. Едни ја слават љубовта и Свети Валентајн, други виното и вистината во него, славејќи го Свети Трифун, трети обата празника, пиејќи или од љубов или заради невозвратена љубов…

Токму заради тоа Џесика една од своите највпечатливи фотосесии која ја реализираше пред објективот на фотографот Стојанче Цавироски  им ја посвети на вљубените и винопиите.

А во неа, згодната битолчанка со круна на главата, како фолк кралица среде безброј црвени балони, ги истакнала сиот свој сексапил и убавина, потсетувајќи ги своите обожаватели, но и сите други дека љубовта е она нешто што на сите ни треба.

Гледајќи ја на фотографиите, на оние најновите ама и на оние постарите не можете а да не дојдете до заклучок дека Џесика ги има најубавите балони…

Особено, оние – љубовните… А вие, на кои и да помисливте дека ова се однесува, на оние црвените или на некои други – сосема сте во право! Џесика навистина има најубави балони!

Кој не верува, време е да го потсетиме…

Веруваме дека после ваква размена на погледи со расната битолска фолкерка, гледањето во… нејзините убави сино-зеленкасти очи, ќе ви премине во почеста навика!

А балоните…? Тие најчесто завршуваат како подарок во туѓи раце… За Денот на вљубените, за јубилеите, прославите и родендените… Секако, само ако сте токму вие вистинскиот подарувач!

Фото: Инстаграм/jessicapalash

 

Останати вести од Радио Милева