Радио Милева

Џенифер Лопез за венчавката со Алекс Родригез: „Срцето ми е скршено“

Џенифер Лопез за венчавката со Алекс Родригез: „Срцето ми е скршено“
фото:џенифер лопез/инсатграм

Коронавирусот ги расипа плановите на сите, а не се исклучок ниту оние на славната двојка Џенифер Лопез и Алекс Родригез.

Тие зе разочарани и загрижени поради ваквит тек на нештата.

„Никој не знае кога ќе биде“, започнала Џенифер со датумот за венчавката, а потоа додала:

„Навистина, моментално нема планирања. Само мора да чекате да видите како сето ова ќе се одигра. Разочарувачки е, знаете, после „Супер Боул“ и „World of Dance“ планиравме да се одмориме, всушност токму тоа и го правиме, но во исто време… имавме многу планови за ова лето, но и за оваа година, а сега некако сè е на чекање.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Лопез рекла и дека се чувствува загрижено и постојано размислува за тоа што ќе биде кога е нејзината венчавка во прашање.

„Срцето ми е скршено, бидејќи имавме некои големи планови. Но, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мора да почекаме и да видиме“, рекла пејачката, па заклучила:

„Можеби тоа ќе биде и подобро. Морам да верувам дека ќе биде така.“

Останати вести од Радио Милева