Радио Милева
ништо од свадбата?

Џенифер Лопез сепак не се мажи? – „Околностите ни дадоа прилика да размислиме“

Џенифер Лопез сепак не се мажи? – „Околностите ни дадоа прилика да размислиме“
фото инстаграм

По многубројните шпекулации и шушкања, Џенифер Лопез конечно проговори за својата свадба.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез поради панедемијата со коронавирусот ја откажаа својата венчавка која треба да се одржи на почетокот на 2020та година.

Во медиумите постојано се зборуваше дека парот ќе се венча, само станува збор за време и дека ќе мора да почекаат да се смири ситуацијата, но Џенифер во нејзиното последно ги изненади фановите кога откри дека нема да има ништо од свадбата.

фото инстаграм

Џеј Ло беше гостин во емисијата со Енди Коен, каде зборуваше за нејзините планови во иднина, а во исто време разочара многумина.

Имено, латино дивата откри дека таа и Алекс размислуваат воопшто да не стапат во брак.

„Да, ние размислувавме за тоа. На наша возраст, двајцата веќе бевме во брак, па се прашувавме: „Дали воопшто треба да се венчаме? Што значи тоа за нас? “- започна Џенифер.

фото: Профимедиа

„Сè зависи од личните ставови, дали сакате тоа да го направите воопшто? Дефинитивно нема брзање. Беше многу тажно затоа што требаше да се венчаме во јуни во Италија, планиравме сè. Така, во март или април, гледавме сè што се случуваше и помисливме: Ова можеби нема да се случи. Италија во моментов е најлошото место во светот, и таму треба да се венчаме. Тогаш реков: „Добро, мора да откажеме сè“, продолжи Џеј Ло и додаде дека со својот партнер планирале венчавката да ја направат кон крајот на годината, но и тоа не се случи.

фото инстаграм

„Беше разочарувачки“, искрено рече таа, признавајќи дека откажувањето на венчавката им даде можност да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина.

Инаку, неколку пати во таблодите се шпекулираше дека Џенифер и Алекс нема да стапат во брак, а причина за тоа се чести кавги. Наводно, Џенифер инсистирала нејзиниот свршеник да потпише клаузула за неверство односно ако ја изневери, ќе мора да плати отштета од 250 милијарди долари.

Останати вести од Радио Милева