Радио Милева

Душко Тошиќ се врати во Кина: Додека Јелена тагува, тој е во одлично расположение (фото)

Душко Тошиќ се врати во Кина: Додека Јелена тагува, тој е во одлично расположение (фото)
фото:инсатграм/душкотошиќ

Фудбалерот Душко Тошиќ се огласи за првпат на социјалните мрежи по секс скандалот на неговата сопруга Јелена Карлеуша, односно по смртта на нејзината мајка Дивна.

Многу нешта им се случија на Душко и Јелена. Прво изби скандалот меѓу пејачката и босанскиот фудбалер огњен Врањеш, кој на крај ја тужеше Јелена за повреда на угледот и честа,а српските медиуми шпекулираа дека Тошиќ побарал развод на бракот.

фото:инсатграм/душкотошиќ

Но, тоа не се случи, туку напротив по смртта на Дивна Карлеуша, тој остана подолго време заедно со својата сопруга. Сега по повеќе од еден месец тој се врати во Кина, каде игра за „Гуангџоу R&F“, клуб чиј тренер е Драган Стојковиќ Пикси.

Сега за првпат оваа година Душко сподели нешто на Инсатграм – фотографија од Кина со пријател.

фото:инсатграм/душкотошиќ

Од приложеното едно е сигурно, Душко е во добро расположение, а интересно е дека на оваа фотографија најмногу му коментираа фановите на „Бешикташ“, тим каде претходно играше, и му порачаа да се врати во Истанбул.

Останати вести од Радио Милева