Радио Милева
Сите во неверување

„Дали е можно да му го прави ова на својот миленик?“: Клои Кардашијан мета на потсмев на Инстаграм (фото)

„Дали е можно да му го прави ова на својот миленик?“:  Клои Кардашијан мета на потсмев на Инстаграм (фото)

Клои Кардашијан повторно е мета на негативни коментари по претераното користење на фотошоп.

Клои Кардашијан објави фотографија од својата мачка, а никој не можеше да не забележи колку е фотошопиран миленикот, толку многу што воопшто не изгледа реално. Имено, таа на својот Инстаграм профил објавила фотографија од своето милениче, а коментарите под објавата  не престанувале да се редат.

„Дали е оваа жена нормална? Ова се претвори во болест“, „Прво ги фотошопираше сопствените деца, сега се пресели кај кутрата мачка“, „Ниту домашните миленици веќе не се безбедни“, „Клои не е во контакт со реалноста. Очигледно е“, се дел од коментарите.

Некои обожаватели излегоа во нејзина одбрана и изјавија дека руските сини мачки се толку убави што понекогаш може да изгледаат нереално.

Покрај тоа, Клои често е на мета поради пластичните операции, а многумина се на мислење дека таа повеќе не личи на себе.

Фото: printskrin/instagram/khloekardashian

Останати вести од Радио Милева