Радио Милева
магија во бело

„Да фати мајата“: Познатите Македонки беа невести на писта, а поради еден детаљ највпечатлива беше водителката Сања Савеска (фото)

„Да фати мајата“: Познатите Македонки беа невести на писта, а поради еден детаљ највпечатлива беше водителката Сања Савеска (фото)

На последниот ден од работната недела и деновите од изминатиот викенд, по десетти пат се одржа настанот Саем на венчавки во организација на „Во бело“.

Посетителите кои планираат свадба за претстојниот период, дојдоа да ја видат понудата од венчаници, костуми, па се до декорација, а исто така да го видат и шоуто на писта каде како невести чекореа познатите Македонки.

Некоја по којзнае кој пат носеше венчаница, како Марјана Станојковска која како и секоја година е главна невеста, а исто и Сватлана Црнокрак по која зачекорија посарата ќерка Моника, а изненадување беше и малечката невеста Нина.

Меѓу познатите дами кои се облекоа во бело беа и Кристина Димитриевска која носеше неколку модели на венчаници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Сепак, поради еден момент, највпечатлива од сите беше водителакта Сања Савеска која на писта зачекори со своето кученце Маша кое мимикрираше со раскошната венчаница.

Се’ на се’ во забавата уживаа и присутните, а и учесниците, некои за првпат, а некои секоја година по ред за мајата убаво да фати и најпосле да го најдат најпрвин вистинскиот, а потоа и вистинската венчаница.

фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева