Радио Милева
за комплетно уживање

Црна тантела за добро утро: Елена Стефановска го покажа луксузот под облеката (фото)

Црна тантела за добро утро: Елена Стефановска го покажа луксузот под облеката (фото)

ТВ водитерлката Елена Стефановска е позната како дама која води сметка на се’, од избор на облека, па се до нега на својата кожа, лице, коса, нокти, но и нега на внатрешниот дух со хедонизам кон нештата кои и прават мерак.

Елена е позната по својот беспрекорен избор на гардероба, а тоа редовно го кажува на својот Инстаграм профил каде не ретко има предлог стајлинг за своите следбенички.

Затоа, често и медиумите знаат да ја пофалат за модниот избор кој го направила и го презентирала јавно. Па така, Стефановска овој пат сакаше да покаже нешто повеќе од она што досега сме го знаеле и виделе.

Имено, таа откри дека неделните утра и започнуваат жешко, а за температурата да се качи што повисоко виновна е нејзината црна тантела на градникот и гаќичките.

Стилот го гледавме однадвор, а овој пат и луксузот под него. Водена по девизата на славната манекенка Адриана Лима, Елена вели:

-Долната облека е едно од најважните парчиња во вашата гардероба. Може да имате дефект во гардеробата ако не ја изберете вистинската работа одоздола! – максима која ја следи во секојдневието.

Луксузна тантела, парфем, накит, малку шминка и свеќи за добро утро во недела, со ваков спој јасно е дека Елена ужива со себе, но оној што најмногу ја има привилегијата е сопругот.

Останати вести од Радио Милева