Радио Милева
љубов во рајот

Бугарскиот топ модел сама во запенето џакузи, за потоа нејзиното момче со прстите да прошета, по мазната кожа на голата Николета (ФОТО)

Бугарскиот топ модел сама во запенето џакузи, за потоа нејзиното момче со прстите да прошета, по мазната кожа на голата Николета (ФОТО)

Голманот на Левски од Софија, Николај Михаилов и неговата сакана, манекенката и топ модел Николета Лозанова ја покажаа својата љубов во маслиновата градина.

Тие двајца повторно ги „заскокоткаа“ социјалните мрежи со своите фотографии. Љубовниците беа заедно на одмор, од каде убавицата се фотографираше целосно гола во запенето џакузи со придружен цитат, покрај еротската фотографија на која од пената во полната када ѕирка нејзиното извајано га*е: „Неколку дена во рајот“ – напиша Николета.

Николета не прецизираше точно каде е направена фотографијата, а фановите се двоумат помеѓу островот Кипар и Италија.

Пред само неколку дена, „Ни -Ло“ како што ја нарекуваат во Бугарија,  се појави на покривот на еден луксузен хотел во Рим, па најверојатно ужива  во т.н. „циганско лето“ на Апенините.

Сепак, Лозанова е категорична дека нема да објави каде е, но тоа не им пречеше на нејзините фанови да уживаат во еротската глетка на нејзините фотографии.

Покрај џакузи позата, голманот и манекенката споделија уште неколку од луксузниот апартман во кој престојуваа. Едната карши-карши, тој на софата таа гола на каучот обајцата со телефоните враце…

А подоцна, откако легнале така разголени еден до друг да гледаат телевизија, рацете на голманот очигледно завршија на друго место…

Многу повозбудливо и попримамливо се разбира, зашто ретко кој имал можност со своите прсти да прошета по мазната гола кожа на расната Николета.

Фото: Инстаграм принтскрин/nikoleta_lozanova

Останати вести од Радио Милева