Радио Милева
на страна на вистината

Бугарската пејачка Марија Донова која живее и работи во Македонија им ја плесна вистината в лице на политичарите: „Две години живеам во Скопје, не сум чула лош или навредлив збор затоа што сум Бугарка!“

Бугарската пејачка Марија Донова која живее и работи во Македонија им ја плесна вистината в лице на политичарите: „Две години живеам во Скопје, не сум чула лош или навредлив збор затоа што сум Бугарка!“

Марија Донова е по потекло Бугарка, пејачка која последниве години живее и работи во Македонија. Полека се интегрирала во македонското општество и домашната естрада на која е се поактивна со своите појавувања во разни емисии и шоу на различни телевизии, учество на фестивали, разни манифестации, настапи по различнио поводи.

Веројатно испровоцирана од последните немили настани  за и по натпреварот Шкупи – Левски во Скопје, но и сето она што ни се случува, што го гледаме и слушаме, сите лаги, провокации и уцени кога се во прашање македонско-бугарските односи и сите вета и условувања на источниот сосед за наша интеграција во ЕУ, пејачката со свој Фејсбук статус ја кажува својата вистина. Реалната слика која ја искривоколчуваат поедини провокатори, одредени политичари и медиуми од обете страни, заради лични, партиски и некакви квазинационални интереси.

„Не можам а да не се вклучам и да не коментирам што пренесуваат на бугарските и македонските медиуми! Не можам да молчам овој пат затоа што темата веќе влијае на мене лично! Со целата моја почит кон сите оние фудбалски навивачи, клубови и фанови! Речиси две години живеам во Скопје! Повеќето мои пријатели и роднини знаат што правам и што работам во Македонија. За овие две години, како Бугарка никогаш не се чувствував лошо третирана од луѓето кон мене… Никогаш не сум слушнала лош или навредлив збор против мене, затоа што сум Бугарка! Од други Бугари што доаѓаат во Македонија никогаш не сум слушнала дека биле лошо пречекани од Македонците, или на граница или во некој естаблишмент. По настаните на претепаниот Бугарин во Охрид (кој испадна Македонец со бугарско државјанство), свиркањето на бугарската репрезентација на скопскиот стадион пред извесно време и гледањето на денешниот настан со Левскарите, се прашувам само едно…. Кој ве плаќа да ги правите сите овие провокации и циркуси и да создавате слична тензија меѓу братски народи? Што добивате од целата оваа вештачки создадена омраза едни кон други? Ако Македонците навистина тепаа Бугари по улиците во Охрид и кршеа коли со бугарска регистрација по скопските улици, тогаш две години ќе ме тепаа и малтретираа психички и мене. Само едно последно нешто ќе кажам од секојдневната комуникација со Македонците низ цела Македонија, а тоа е дека не ги мразат Бугарите како народ, тие ги мразат бугарските политики, како што ние самите ги мразиме.  Уште еднаш, убедена сум дека денес,  овие фудбалски навивачи се платени од друга политичка партија да поттикнуваат уште една тензија меѓу нашите народи, чисто медиумски, затоа што во реалност оваа тензија не постои. И секако, кога ќе бараш беља и проблем, ќе ги најдеш! Ниту еден нормален човек не би отишол во туѓа земја и да  провоцира. Можеби да правев постојани провокации, ќе ме дадеа и на вести! Не можам да изберам од што повеќе да се срамам.. Дали од моите „образовани“ и „културни“ сонародници или од нашата историја? Знам само едно – сакам да живееме во мир, разбирање и меѓусебна почит!“ – споделила пејачката на социјалните мрежи.

Нејзиниот статус разбирливо, веднаш наиде на лавина од различни реакции… Дел позитивни, дел, негативни, но оние што навистина ја разбраа што сака да каже – ја сфатија правилно! Затоа токму на нив Марија уште еднаш јавно им се заблагодари, дополнително потенцирајќи дека само интилигентните сфатиле дека не зазема ничија страна… Освен онаа, на правдината.

„Ви благодариме за поддршката и разбирањето! Читајќи ги коментарите, изгледа дека само интелигентни луѓе разбрале дека не заземам ничија страна! Ги сакам двете мои земји, на овој или оној начин! Има добри и лоши луѓе во двете земји! Вака светот блеска низ целата земја! Искрено ми е жал за засегнатите луѓе кои некако завршија на погрешно место во погрешно време! Го споделив со вас она што го гледам цело време кога сум таму! Некои ме нападнаа во коментари, но ова се луѓе кои едноставно не сакаат да ја прифатат другата вистина! Останатите, широкогради и здравомислечки луѓе ме разбраа уште од прва! Ви благодариме за поддршката!“ – дополни пејачката на својот Фејсбук! Па кој ја разбрал – разбрал, кој не… ќе остане да живее во заблуда!

 

Фото: Фејсбук и Инстаграм/marija.donova

 

Останати вести од Радио Милева