Радио Милева
За многу години!

Бубе Јаневска славеше голем ден- именден на наследничката, па ја покажа малата убавица (фото)

Бубе Јаневска славеше голем ден- именден на наследничката, па ја покажа малата убавица (фото)

За многу православни христијани, а и за ТВ водителката и презентерка на вести, Бубе Јаневска Ивановска, вчера беше голем семеен ден во домот, се славеше Св.Архангел Михаил.

Главната славеничка која имаше именден беше нејзината осумгодишна ќеркичка Нела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bube (@bube_janevska)

Кога е приватноста во прашање, Бубе не преферира претерано јавно експонирање, но исто не е од оние кои најблиските ги кријат како змија нозете.

Домашната слава и именден беше повод Бубе да им ја честита на сите што ја слават, а со тоа и јавно да покаже дека денот е голем и во нејзиниот дом.

Бубе позираше до Нела која веќе е потпораснато девојченце кое е гордост на своите родители.

Ова е една од ретките прилики Бубе да ја објави во своите приказни на Инстаграм својата убавица која неодоливо наликува на мајка си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bube (@bube_janevska)

Инаку, перодов Бубе Јаневска освен тоа што ја гледаме на утринската „Здраво Македонијо“, гледачите можат да ја видат и од пултот за вести од каде таа одамна ги направи своите телевизиски почетоци.

Останати вести од Радио Милева