Радио Милева
сумираше впечатоци

Бојана Скендеровски: „2021 ќе ја паметам по убави нешта на приватен план, но и на професионален план“

Бојана Скендеровски: „2021 ќе ја паметам по убави нешта на приватен план, но и на професионален план“

Не делат уште неколку дена до 31 декември и до крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година.

Познатите веќе покажаа како ги украсиле новогодишните елки, домовите за време на празниците.

И оваа година ја одбележа пандемијата со коронавирусот која се уште трае, па сите се надеваме дека во следната година пандемијата ќе заврши.

Македонската водителка и пејачка, Бојана Скендеровски за „Женски магазин“ ги сумираше впечатоците и откри по што ќе памети 2021 година.

– 2021 -ва е секако подобра година од 2020-та, ќе ја паметам по убави нешта на приватен план, но и на професионален план исто така нештата беа позитивни, нови соработки и проекти, и секако оваа година ја завршувам со нова песна и видео… Зад завесите е мојата најнова песна, ни откри Бојана.

Таа откри дека дали нејзините деца пишуваат писмо до Дедо Мраз.

– Ќерка ми Искра веќе му пиша на Дедо Мраз за новогодишниот подарок, и тоа писменце веќе патува за Лапонија и сигурно нејзиниот подарок ќе ја чека на Нова година под елката, а Ѓорѓи слушна од сестра му дека Дедо Мраз носи подароци па ѝ рече на Искра да му напише на Дедо Мраз и за неговата желба….

Скендеровски 2021 година ќе ја заврши со нова песна и видео.

 

фото: принтскрин/инстаграм/бојана скендеровски

Останати вести од Радио Милева