Радио Милева
“Тwisted Twins”

Близначките Марија и Магдалена разочарани од власта, пред две години си заминаа од Македонија, а сега производите на македонските „сестри – спартанки“ се атракција во Германија (ФОТО)

Близначките Марија и Магдалена  разочарани од власта, пред две години си заминаа од Македонија, а сега производите на македонските „сестри – спартанки“ се атракција во Германија (ФОТО)

Марија и Магдалена Гаврилови – сестрите близначки од Кочани, пред неколку години беа многу популарни на социјалните мрежи. По студиите на право, се вработиле во Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР) во македонската престолнина, но јавноста многу повеќе овие две млади, убави, згодни и атрактивни девојки ги познаваше по нивните спортски активности и подвизи.

Покрај работата вредно и посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси, а набргу пошироката јавност дознава дека близначките не го практикуваат спортот само рекреативно, туку имаат и натпреварувачки мотиви, за што Вистина.ком.мк пишуваше уште пред повеќе од две години.

Но, со доаѓањето на СДСМ и владата на Заев на власт, работите драстично се менуваат. Разочарани од меѓучовечките односи и целокупната мизерија во Македонија, сестрите си даваат отказ, ги пакуваат куферите и како и десетици илјади други млади луѓе, заминуваат од државата, за среќата да ја побараат некаде надвор од татковината, по белиот свет.

Следната дестинација на храбрите близначки ќе биде Германија, каде речиси две години живеат. Но, почетокот во новата средина воопшто не бил ниту лесен, ниту едноставен. Сестрите морале да почнат буквално од нула, од самиот почеток… Од учење на германскиот јазик, до снаоѓање за гола егзистенција, за живот…

Сепак, македонските „сестри – спартанки“ не би биле тоа што се, да не се навикнати на макотрпна работа, издржливост, трпеливост, жилава борба со предизвиците… И спортските и оние што ги носи животот!

Една случајна средба со она, по што денес ги препознава цела Германија, при нивното враќање пред 3 години од Виена од  една од нивите „Спартан трки“, ќе им ја предодреди судбината кога е  сега актуелниот бизнис во прашање.

Имено, сестрите тогаш за прв пат пробале “Baumstrizel”, едн вид слатко задоволство што се’ уште не постои  кај нас, кое тие подоцна сами ќе го наречат „Твистид твинс“ ( “Тwisted Twins”), колач. Љубовта на прв залак, станува нешто, што послатко немале пробано претходно и оттука се раѓа идејата за целата приказна, која подоцна, кога ќе им биде најпотребно, по заминувањето од Македонија, почнува да функционира.

Талентирани и креативни девојки го започнуваат својот сладок бизнис во германскиот град Визбаден, кој станува вистинска атракција и одлично се развива. Нивната продавницата за слатки задоволства го добива името “Тwisted Twins”, а во неа  можат да се најдат еден куп прекрасни слатки нешта, на кои тешко дека некој би можел да им одолее и да остане рамнодушен.

Се’ што таму се нуди не може да се опише со зборови и долови со фотографии. Мора да се проба, зашто се нудат толку многу различни комбинации: Солени со сирење и сланина, исто како и слатки со цимет, кокос, лешник кои можат да бидат наполнети со нутела, мармалад или сладолед… Едноставно муштериите се изненадени и презадоволни, а за македонските близначки дознаваат и германските медиуми, каде осамнуваат написи за нивната “Тwisted Twins” магија.

Марија и Магдалена ја сменија земјата на живеење, професијата, но фитнесот и вежбањето се нешто од кое никогаш не се откажуваат…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✺ ℳåℛıjå GåṿŗıĿọṿa ✺ (@gavrilova_marija) on

Како и патувањето на различни дестинации и запознавање на нови земји, места, народи и култури.

За враќање во Македонија сега за сега не размислуваат. Но, никогаш не се знае… Како што непланирано заминале,така може еден ден непланирано и да се вратат.

„Може да планирате, но често плановите одат во друга насока, па затоа ова прашање ќе го оставиме иднината сама да го одговори“ – порачуваат македонски спартанки од продавницата слатко-солена магија –  „Тwisted Twins” .

 

View this post on Instagram

 

⚔• Wir haben jetzt offiziell eröffnet •⚔

A post shared by Twisted Twins (@twisted.twins2020) on

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева