Радио Милева
прво место за најдобра пејачка

„Благодарам на сите кои ме поддржувате“: Андријана Јаневска доби светско признание на натпревар во САД (видео)

„Благодарам на сите кои ме поддржувате“: Андријана Јаневска доби светско признание на натпревар во САД (видео)

Во изминатите неколку месеци на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс во САД се избираше најдобар пејач/пејачка, а првото место го освои македонската пејачка Адријана Јаневска.

– Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате, објави Јаневска денеска.

Сега, Адријана Јаневска која е актуелна со песната „Ми заплакало селото Ваташа“ , а ја испеа заедно со Џамбазов е избрана за најдобра пејачка на светот.

Македонската песна е  напишана во 60-те години од страна на  текстописецот Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога на 16 јуни 1943 година биле застрелани 12 младинци од фаштистичката војска.

Оригиналот на песната е изведен од Никола Бадев во 1975 година. Песната сега повторно стана актуелна по изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста, а во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја снимија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Адријана Јаневска/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева