Радио Милева
безрезервна помош за менторот

„Без тебе немаше да бидам тоа што сум сега“: Андријана Петрушовска не го заборави Ѓорѓе Давид, па еве што му понуди безусловно, сега кога му е најтешко! (ФОТО)

„Без тебе немаше да бидам тоа што сум сега“: Андријана Петрушовска не го заборави Ѓорѓе Давид, па еве што му понуди безусловно, сега кога му е најтешко!  (ФОТО)

Македонската учесничка во “Ѕвездите на Гранд“, атрактивната Андријана Петрушовска со секој свој настап се повеќе ја плени и публиката и жирито во  најпознатото регионално музичко талент шоу.

При последниот настап речиси ги скара членовите на жирито  каде најмногу во клинч влегоа нејзиниот минатогодишен ментор Ѓорѓе Давид и овој сегашниот, Александар Милиќ – Мили.

Ѓорѓе тврдеше дека кога тој и бил ментор минатиот пат најмногу блескала и била најдобра, а Мили дека дури кога тој ја земал под свое, Македонката вистински пропеала.

„Со Ѓорѓе имав прекрасна соработка, имавме доста проби и сé беше коректно од негова страна, беше одличен ментор. Се надевам дека и со Мили ќе имам толку добра соработка и дека ќе напредувам. Вежбаме и се договараме околу песните. Јас се надевам дека со Мили уште повеќе ќе напредувам, не можам сигурно ништо да кажам, но се надевам“, изјави Андријана за Гранд по нејзиниот настап.

Во меѓувреме, на Ѓорѓе Давид му се случи она што се случи, враќајќи се кон белград од Гевгелија – сообраќајна несреќа кај Куманово со смртни поледици, во која тој прегази и усмрти жена.

И додека истражните органи ја вршат својата работа, пејачот и член на „гранд“ жирито очаен, во тешка психичка состојба не можејќи да се помири со настанатата ситуација побарал стручна психолошка помош.

„Ѓорѓе е добро! Иако физички е речиси целосно закрепнат, психички воопшто не е. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и вресоци, пред очи постојано му се сцени од несреќи. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба разговор“ – соопштил извор за српските медиуми.

Освен тоа Ѓорѓе моментно не можеше да ја напушти Македонија зашто му беа одземени документите, што дополнително влијаело на неговата психа:

„На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странски државјанин кој учествувал во тешка сообраќајна незгода кај Табановце изречени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патни и други исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државата. граница и обврска за пријавување во Судот – информираат од државното обвинителство во Скопје – соопштија пред неколку дена од Обвинителството.

Во целата оваа непријатна ситуација една од првите која му ја понуди својата помош и поддршка на некогашниот ментор беше токму неговата бивша кандидатка Андријана Петрушовска. Ако не повеќе, барем морална, тоа освен лично, му го соопшти и јавно, откако се огласи на своите Инстаграм приказни со заедничка фотографија и порака со зборови на утеха, безрезервна помош и безусловна поддршка.

„Без тебе немаше да бидам тоа што сум сега. Сите ја знаеме твојата добра душа и сакам да знаеш дека ја имаш нашата безусловна поддршка“ – му порача Андријана Петрушовска на Ѓорѓе Давид.

Дали и лично се слушнале или можеби и виделе, што друго му понудила пејачката како помош на својот учител и пријател, засега останува непознато.

П.С. Во меѓувреме српските медиуми објавија дека Ѓорѓе Давид е пуштен да си оди дома во Србија, па откако ќе се врати во Белград најави прес конференција на која ќе ги обзнани сите детали за несреќата.

А на своите Инстаграм приказни ја реобјави заедничката фотографија со Андријана Петрушовска на која и се заблагодари за поддршката со зборовите: „Благодарам ќерко“!, зачинувајќи го постот со емотикон на срце!

Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska/djordje_david

 

Останати вести од Радио Милева