Радио Милева
во нејзин стил

„Бедници и лицемери“: Карлеуша жестоко навредуваше актери и музичари поради една фотографија на социјалните мрежи (фото) 

„Бедници и лицемери“: Карлеуша жестоко навредуваше актери и музичари поради една фотографија на социјалните мрежи (фото) 

Јелена Карлеуша изминатиот период беше главна тема на медиумите, најмногу поради јавните навреди на сметка на нејзините колеги, кои ги споделуваше на социјалните мрежи, а сега продолжи во свој стил.

На страницата на Инстаграм посветена на споделување хумористични содржини, се појавија фотографии од Јелена Карлеуша со и без шминка.

Популарната пејачка која редовно тврди дека и се загрозени човековите права бидејќи се соочува со чести навреди на социјалните мрежи, сега го направи она што јавно го осудува во секоја изјава – ги навреди нсрпските познати личности.

Имено, Карлеуша збесна кога виде дека на некои актери и актерки, но и музичари им се допаѓа фотографија на популарна страница која со денови кружи на социјалните мрежи.

По тој повод  се огласи Јелена Карлеуша која ги навреди актерите и музичарите.

„Тоа не се јавни личности, туку бедници и лицемерни г*мна, на кои ќе им дадам шанса да ми кажат во очи каков проблем имаат, кога ќе ги згазнам. Под услов да ги препознаам“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

Фото:printskrin/instagram/karleusastar

Останати вести од Радио Милева