Радио Милева
победи љубовта

Беа кратки и јасни: Џенифер Лопез и Алекс Родригез ставија крај на шпекулациите дека ја раскинале свршувачката

Беа кратки и јасни: Џенифер Лопез и Алекс Родригез ставија крај на шпекулациите дека ја раскинале свршувачката

Џенифер Лопез и Алекс Родригез одлучиле да стават крај на својата врска, иако неодамна се очекуваше да запливат во брачните води, пишува „Page Six“.

Како што пишуваа странските и регионалните медиуми, Џенифер и Алекс наводно ја раскинале свршувачката само еден месец откако уживаа на одмор во Домениканската Република.

„Одамна се знаеше дека ова ќе се случи. Алекс моментално е во Мајами каде се подготвува за новата сезона, додека пак Џенифер работи на снимање на филмот“, изјави извор.

Иако медиумите пишуваа дека дошол крај на двегодишната свршувачка, по тој повод се огласи парот и ја откри вистината.

„Остануваме заедно и ќе работиме на нашиот однос“, изјави двојката  за „Еl news“.

Изгледа, овојпат победила љубовта.

фото:  MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Останати вести од Радио Милева