Радио Милева
горда мајка, ќерка матурантка

„Барабара, љубов мамина“: Ќерката на Мелита славеше матура (ФОТО)

„Барабара, љубов мамина“: Ќерката на Мелита славеше матура (ФОТО)

Барбара Ракичевиќ, пејачка и ТВ водителка, инаку ќерка на една од некогаш најпознатите македонски водителки, сега познатата скопска трендсетерка Мелита Ракичевиќ, стана матурантка.

Таа како и Мелита со неколку објави на Инстаграм обзнанија дека во средата вечер (17.05.2023)  Барбара ја прославила матурската забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie🖤🪄 (@barbara_rakicevic)

За матурската прослава убавата Барбара избралас здолниште длабок со шлиц до колкот и стилизиран кроп-топ… Модерна модна комбинација во боја на шампањ, која го истакнуваа нејзиното вито тело, дизајнирана од модната креаторка Ива Спасовска.

За шминката и фризурата на матурантката пак  се погрижил познатиот стилист Дадар, стариот пријател и соработник на мама Мелита,  со кого и приватно има дружба и одлични релации.

 

Особено горда на својата мматурантка е мелита која не престанува да споделува фотографии на кои ја изразува сета своја љубов кон ќерката со најемотивни зборови:

„Среќна матура, љубов мамина… Љубов најчистам најискрена и вечна“ – споделила Мелита во една од своите последни Инстаграм објави на заедничките фотографии со нејзината матурантка.

Сепак, она што на прв паѓа в очи покрај изглдот на младата матурска убавица е  и заедничката фотографија на Барбара со нејзините родители, Мелита и Владимир. Таа често споделува фотографии со нејзината мајка, а многу поретко  со татко си Владимир Ракичевиќ познат под прекарот Соме, скопски урбан лик и познат менаџер на ноќниот живот во Скопје во деведесеттите, а подоцна и познат угостител.

Иако Мелита и Соме оддамна се разведени, очигледно нивната комуникација одлично функционира и понатаму, а родителските релации кон ќерката не само што не се нарушени, туку  и понатаму се беспрекорни.

Инаку Барбара јавноста ја запозна како водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, за потоа да продолжи да се занимава со пеење, снимајќи неколку сопствени песни, а во последно време и по настапите по локалите, кафулињата и ноќните клубови во Скопје, но и ширум Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie🖤🪄 (@barbara_rakicevic)

Останати вести од Радио Милева