Радио Милева
дојде и нејзиниот ред

Антониа Гиговска соочена со проблем кој редовно ги следи познатите: „Внимавајте!“ (фото)

Антониа Гиговска соочена со проблем кој редовно ги следи познатите: „Внимавајте!“ (фото)

Лажни и измислени реклами кружат во интернет просторот, а истото се случува и со лажните профили на познатите.

Ако на светско ниво за ова најчесто нема реакција, па можете да сретнете бројни профили на Инстаграм со имињата на познатите кои сигурно не ги направиле самите или нивните ПР тимови, на нашите тоа некако не им оди во прилог или едноставно не им е сеедно.

Вака или така, станува збор за дигитална злоупотреба на приватноса, а овој пат на ред дојде и Антониа Гиговска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

-Сакам да ве известам дека во последно време се појавиле многу лажни профили под името „Антониа Гиговска“ и ми ги испраќаат да ги видам, внимавајте, не сум јас!- напиша пејачката во својата јавна реакција.

Антониа периодов е една од најактуелните и најбараните млади пејачки, така што нејзиното име очекувано е сеприсутно во медиумите и на социјалниуте мрежи.

Засега доволен знак дека станува збор за вистинскиот профил на познатата личност е верификација која ја има како ознака дека навистина е личен.

Времето на лаги и измами на социјалните мрежи зема се поголем замав, затоа разумно и со резерва треба да се земат профилите и објавите на истите.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

Останати вести од Радио Милева