Радио Милева
Одлучна и храбра

Андријана Јаневска во нова авантура: Пејачката со мотор замина на заслужен одмор (фото)

Андријана Јаневска во нова авантура: Пејачката со мотор замина на заслужен одмор (фото)

Убавите нешта пејачката како и многумина од јавните личности и Андријана Јаневска редовно ги споделува на социјалните мрежи, па во центарот на вниманието овој пат  бешенејзината нова авантура.

 

Таа  на следбениците им откри дека одлучила да помине доста километри качена на мотор и да стигне на заслужен одмор.

Но, бидејќи таму сега е доста жешко таа веднаш побрза да ги симне од себе моторџискиот комбенизон и кацигата и  да го облече костимот за капење.

 

Андријана, онака извајана, гордо ја покажа својата совршена фигура  во црвениот едноделен костим на врелата песочна плажа во Тунис.


Фотографите на Андријана предизвикаа лавина реакци, а пред сѐ дека совршено изгледа:

– „Македонска убавица“, „Андријана топ изгледаш“, „Убавица“, „Бомбастична“, Афродита“ – гласеа дел од нив.

Додуша, имаше и такви кои ја прашуваа дали таму е многу жешко или се издржува на што таа потврди дека воопшто не и е жешко, зашто добро се разладува.

Но,  секако  уживала и на зајдисонце  кога малку и повеќе и послободно се дише.

Мекедонската пејачка уште еднаш  докажа дека покрај тоа што е посветена мајка, врвен музичар и музички педагог, приватно и  бесна моторџика за која моторот е само мала играчка, која откако ќе го јавне, умее цврсто да го држи под контрола во своите раце.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Андријана Јаневска

Останати вести од Радио Милева