Радио Милева
левел плус

Андријана Јаневска стана доктор на науки: „Македонците никогаш не ги напуштило чувството за песната“ (фото)

Андријана Јаневска стана доктор на науки: „Македонците никогаш не ги напуштило чувството за песната“ (фото)

Македонската пејачка, виолинистка и педагог Андријана Јаневска со  музиката започнува да се дружи уште од шест годишна возраст каде продолжува во нижото музичко училиште отсек виолина. Факултетот за музичка уметност го завршува со највисока оценка,  а потоа и магистрира на отсекот Методика на музичка настава.

Таа освен што пее и работи како виолинист, свири пијано и бас гитара. За нејзините музички квалитети зборуваат и наградите кои ги добива, од другите земји, а неодамна  на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс во САД кога се избираше најдобар пејач/пејачка, првото место го освои токму таа,  каде беше избрана за најдобра пејачка на светот.

Но, нејзините успеси не престанаа да се редат, а таа сега ги извести сите преку социјалните мрежи дека повторно има убава вест.

Имено, пејачката сподели дека сега  ја одбранила својата докторска дисертација на тема:  Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа Голо брдо и Гора“ и стана доктор на науки, нешто што одамна го подготвуваше и во него вложуваше голем и макотрпен труд за да излезе целината која ја посакуваше.

„ Од денес, доктор на науки.  Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков”.
Голема благодароност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов. Секако, најголема благодарност и’ должам на проф. д-р Rodna Velickovska, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа. И’ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор!“

Откако им се заблагодари на сите кои и помогнале и ја запознале со раскажувачите и пејачи на фолклор таа надополни дека со нејзините истражувања кои храбро и макотрпно ги собираше  долго време уште додека беше во блажена состојба со вториот син Кристијан и неуморно работеше на тоа да заокружи  дека македонскиот народ преку песна во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ.

„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот!
Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“ – напиша таа во подолгата објава во која имаше што да каже. Честитки!

Фото: Инстаграм/andrijana_janevska

Останати вести од Радио Милева