Радио Милева
мераклија за...

Анастасија Ражнатовиќ не можеше да молчи и ја откри тајната на сопругот Немања: „Повеќе сака да го прави ова отколку леб да јаде“ (фото)

Анастасија Ражнатовиќ не можеше да молчи и ја откри тајната на сопругот Немања: „Повеќе сака да го прави ова отколку леб да јаде“ (фото)

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во заедничкиот живот. Ќерката на Цеца изгледа никогаш посреќна и блеска покрај сопругот, а сега тајната на Немања Гудељ е откриена.

Имено, за Немања Гудељ не се знаеше многу пред да влезе во врска со Анастасија, иако е успешен фудбалер.

Младата пејачка одвреме-навреме објавува дел од нивното секојдневие на Инстаграм, а сега покажа со каков талент располага нејзиниот сакан.

Анастасија на својот Инстаграм објави видео од автомобилот во кој пее заедно со сопругот Немања.

– Повеќе сака да пее отколку да јаде леб – напишала Анастасија.

Пејачката и фудбалерот се венчаа во август минатата година во манастирот Рајиновац кај Грочка, само во кругот на семејството.

– Беше многу убаво, во кругот на семејствата и двајцата. Интимни… Тоа беа нивните желби. Прекрасно си поминавме, топ! – изјави Цеца која не крие дека голема желба и е Анастасија да стане мајка.

фото: Instagram printscreen/ raznatovicanastasija

Останати вести од Радио Милева