Радио Милева
со неа е поинаку

Анастасија Ражнатовиќ му се врати на сопругот: Таа го храни со љубов, а тој побрзо закрепнува (фото)

Анастасија Ражнатовиќ му се врати на сопругот: Таа го храни со љубов, а тој побрзо закрепнува (фото)

Фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ беше опериран пред две недели, а сега неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ објави видео од нивната вечера.

Имено, српскиот репрезентативец го скина менискусот на коленото, пред две недели беше опериран и сега го чека опоравување кое ќе трае до три месеци. Доколку се оди според планот, Немања ќе биде подготвен за Европското првенство кое започнува во јуни.

Во „стори“ објавите од ќерката на Цеца го гледаме Немања со насмевка на лицето.

– Вечера со мојот сопруг – напишала на англиски младата пејачка.

Инаку, по операцијата на нејзиниот сопруг, Анастасија накратко се повлече од социјалните мрежи, а потоа неколку дена позираше без трошка шминка, додека ја врзуваше косата во опавче и уморот на нејзиното лице беше видлив.
Инаку, Анастасија мораше да дојде во Србија неколку дена по операцијата на Немања за да ја одбележи смртта на нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан, а потоа со мајка си Светлана Цеца Ражнатовиќ присуствуваше на премиерата на филмот „Недеља“.

фото: Instagram printscreen/ nemanjagudelj/ raznatovicanastasija

Останати вести од Радио Милева