Радио Милева
проговори

Анастасија го откри клучот за добриот изглед: Ова е диетата со која пејачката ослабе 20 килограми (фото)

Анастасија го откри клучот за добриот изглед: Ова е диетата со која пејачката ослабе 20 килограми (фото)

Анастасија Ражнатовиќ важи за една од најатрактивните млади пејачки кои можат да се пофалат со витка фигура.

Сепак, Анастасија не секогаш имаше беспрекорна фигура.

Во еден период од нејзиниот живот исхраната не и била ни приближна на она што е денес, поради што пејачката за кратко време се здебелила дури 20 килограми.

Таа неодамна проговори за процесот на слабеење, а откри дека патот до совршен изглед траел дури две или три години.

Имено, како што објаснила, Анастасија за време на пубертетот се борела со емоционални кризи наоѓајќи утеха во храната. Меѓутоа, кога видела дека многу се здебелила, решила значително да го промени начинот на живот и исхрана, а потоа својата линија ја доведе до совршенство.

„Ја исклучував нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени оброци, а главно избегнувам ресторани за брза храна“, изјави Анастасија за „Стори“ и додаде:

„Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добар изглед е дефинитивно редовното вежбање“.

Диетата на Анастасија Ражнатовиќ за витка линија и рамен стомак изгледа вака: појадок – овесна каша со црвено овошје/јајца со зеленчук, ручек – риба и зелена салата, вечера – пијалак од тиква.

Анастасија советува и секогаш кога ќе почувствувате глад, да пиете чаша вода со лимон, за што побрзо да се чувствувате сити.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ/Ата Имаџес

Останати вести од Радио Милева