Радио Милева
Мамо, види ме...

Ана Стојанова се пофали дека Скопје го има она што Белград го нема, ама среде српскиот главен град и на своја кожа го почувствува она што и го приреди Белград (ВИДЕО)

Ана Стојанова се пофали дека Скопје го има она што Белград го нема, ама среде српскиот главен град и на своја кожа го почувствува она што и го приреди Белград (ВИДЕО)

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова ни минута не мирува. Туку што заврши со еден, сега се подготвува за нов летен предизвик на егзотична дестинација, заедно со својата избрана „женска армија Праскички“, како што ги нарекува своите членки и придружнички на нејзините предизвици.

Во меѓувреме, инфлуенсерството полека и станува втора професија, па Ана се’ почесто има прилика нешто да рекламира. Услуги или производи, зависи од понудата, а таа овој пат беше дел од женскиот асортиман за летните денови што доаѓаат. Конкретно, костимите за капање на еден познат македонски бренд беа тиа што на Ана Стојанова и нејзината избрана женска екипа им беа доверени за реклама на билборди.

Откако си ја завршија работата, Ана замина во соседството во српската престолнина по своја работа. И додека се возеше по белградските улици, успеа да забележи дека Белград го нема она нешто што Скопје го има…

Зашто како што самата вели, Скопје не памети поубави билборди…

Од оние на кои е самата таа и нејзината женска армија, секако.

Онака расоблечени во најновите модели бикини, разголени, распиштолени… „Мамоооо види ме“….

Ма каков Белград, српскиот главен град може само „вода да им носи“… И верувале или не – им донесе! Поточно на Ана Стојанова додека онака летно облечена се шеташе по Кнез Михајлова, одненадеж Белград како да ги услиши нејзините „самобендисани билборд фалби“, па реши малку да ја олади… Со студен туш!

Имено, од нигде-никаде, наеднаш  од небото над Белград се истури силен дожд! Врне, врне, лие како од кофа, па скопската фитнес инструкторка фатена онака неспремна „покисна до гола кожа“!

„ОК брате Београде, не се возбудувај толку…“ – му порача Ана како да сака да си ги повлече фалбите за тоа каде се најубави билбордите, ама… доцна!

Така, Ана Стојанова среде српскиот главен град на своја кожа го почувствува она што како „одмазда за самобендисаноста“ и го приреди  дождливиот Белград! Епа, мамоооо… види ме и сега!

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

Останати вести од Радио Милева