Радио Милева
анонимна трудница

Ана Кораќ е бремена, а еве кој е идниот татко на нејзиното дете заради кој старлетата смени број и ги згасна сите свои профили на социјалните мрежи (ФОТО)

Ана Кораќ е бремена, а еве кој е идниот татко на нејзиното дете заради кој старлетата смени број и ги згасна сите свои профили на социјалните мрежи (ФОТО)

Ана Кориќ влезе во четвртиот месец од бременоста и со нетрпение чека бебе, но осега не кажува од кого. Како што дознаваме, татко на нејзиното бебе е еден  богаташ од Обреновац:

„Таткото на детето на Ана е малку повозрасен маж, живее во голема семејна куќа во Обреновац и има деца од претходниот брак. Сега не знам дали се разведе, но веројатно се развел штом е со Ана. Тој работи во државниот сектор, но неговото семејство има разработен бизнис и тие се многу богати, па на Ана ништо нема да и недостасува“ – вели анонимниот изворот и додава:

„Тие двајца се толку многу заљубени што не е нормално, но бидејќи тој не сака ниту во лудило јавно да се експонира, ја замолил Ана да го згасне профилот на Инстаграм и да и го смени бројот на мобилниот. Таа се согласила на се’ бидејќи е заљубена и сака да живее во мир и луксуз меѓу Обреновац и Ивањица каде што живее нејзината мајка. Нејзината најголема желба беше да роди бебе, тоа и ќе и се оствари и сега не ја интересира ништо друго освен да му угоди на емотивниот партнер“ – заклучил добро информираниот извор за српски Информер.

Ана Кораќ неодамна објави дека се повлекува од социјалните мрежи и медиумите за да може во мир да ги помине трудничките денови кои наводно, тешко ги поднесува.

Фото: Инстаграм принтскрин/anakoracblog/архива

Останати вести од Радио Милева