Радио Милева
Аплауз

Александра Пријовиќ се распадна од емоции и не можеше да ги задржи солзите – пејачката и се заблагодари на Лепа Брена што ја гледа како своја ќерка (видео)

Александра Пријовиќ се распадна од емоции и не можеше да ги задржи солзите – пејачката и се заблагодари на Лепа Брена што ја гледа како своја ќерка (видео)

Пејачката Александра Пријовиќ ја продолжи концертната турнеја „Од исток до запад“, а синоќа го одржа својот  четврти по ред спектакл во Хрватска, каде закажа пет загрепски арени.

Имено, покрај тоа што публиката цела вечер пеела во дует со неа, кон крајот на концертот неколку минути скандираа „Прија, те сакаме“, по што пејачката се распадна од емоции и не можеше задржи нејзините солзи.

Кон крајот на  четвртиот концерт во Арена Загреб, младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ настапи заедно со Лепа Брена и Јелена Розга со песната „Ајде да водиме љубов“.

Розга ја напушти сцената, а Прија и Брена заедно ја изведоа песната „Посакај среќа на другите“, а потоа Александра и се заблагодари.

-Долго размислував како да ја најавам, а потоа сфатив дека нема потреба да ја најавам… Ве молам, аплауз за најголемата досега – Лепа Брена – рекла Александра, па кажа:

– Беки, ти благодарам што секогаш ме поддржуваш и ме гледаш како твоја ќерка! Ти благодарам за сите совети, а ова е еден од нив… – додаде Прија.

Фото: Printskrin/Instagram/aleksandraprijovic/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева