Радио Милева
им крена адреналин за св. валентин

Александра Младеновиќ за „Денот на вљубените“ позираше полугола па се пофали со подароците: „Немам симпатија, ама затоа јас сум му некому симпатична“ (ФОТО)

Александра Младеновиќ за „Денот на вљубените“ позираше полугола па се пофали со подароците: „Немам симпатија, ама затоа јас сум му некому симпатична“ (ФОТО)

Пејачката Александра Младеновиќ со својот последен пост на Инстаграм предизвика големо внимание. Имено, по повод Денот на вљубените, пејачката позираше со црвени балони во форма на срце во предизвикувачка комбинација и провокативна поза.

Секасапилната „Гранд ѕвезда“ на себе носеше тесен бел корсет и бели чорапи до колкови кои ги истакнуваа сите нејзини облини. Младеновиќ веќе некое време тврди дека е соло, а откри дека ситуацијата во љубовниот живот и за празникот сè уште и останала не е променета, но и тоа дека не изостанале подароци за Денот на вљубените.

„Фотографијата е, се разбира е по повод Денот на вљубените, а што се однесува до подароците, добив многу. Овие балони ги добив од личност на која јас и се допаѓам“ – открива пејачката, а на прашањето дали добила некој од подароците од момче што неа и се допаѓа, таа го истакна следново:

„Во моментов немам симпатија, но, затоа пак јас сум му симпатична некому“.

На прашањето од каде е инспирацијата за ваквото издание, таа рече:

„Искрено, не барам посебна причина за да се облечам провокативно или не. Јас секогаш се облекувам како што се чувствувам во тој момент. Денес се чувствував така и затоа е оваа фотографија. Зошто бела комбинација?  Па, за да се се согласува со бојата на мојата соба. Мојата бела комбинација и црвената боја на балоните се совршена комбинација за Денот на вљубените“ – рече Младеновиќ.

Останати вести од Радио Милева