Неодамна заврши прикажувањето на пиоследните епизоди од новата седма сезона на ултра популарниот македонски ситком „Преспав“.
На верните гледачи никогаш доста од преспавци, па затоа веднаш на првиот канал на Македонската телевизија се прикажуваат репризните изданија.
Секоја епизода е засебна приказна од згодите и незгодите на семејството Бузалевски, нивните вработени, гостите и соседите, па ретко кој би можел да остане рамнодушен да не ги погледне барем еднаш.
Актерите на комедии од ваков формат велат дека она што го снимаат има успех доколу и самите се смеат на истото, а оваа актерска екипа дефинитивно на снимањата не може да се воздржи и да сними од сцена прва.
View this post on Instagram
Дека е тоа така покажа Васил Завирчев или Марио кој на својот Инстаграм објави видео од зад сцената на снимањето на актуелната сезона.
View this post on Instagram
Дека им било доста забавно погледнете од продолжение, па пробајте да се воздржите од смеење- ако можете!
фото/видео: Instagram printscreen/ vasilzafirchev/ pansionprespav