Теодора Џехверовиќ со своите објави привлекува големо внимание на социјалните мрежи, поради што често наидува на брутални осуди и критики од нејзините следбеници. Таа повторно ја згрози јавноста, кога синоќа на својата Инстаграм стори објави фотографија со чудна бела супстанца на лицето.
Имено, Теодора решила да проба совет за нега на лице од социјалните мрежи, за што морала да направи маска од ориз. Таа прво им објаснила на своите следбеници каков е тој процес, а потоа се снимала додека ја нанесувала маската на лицето, а сликите со молскавична брзина почнале да се шират низ сите социјални мрежи.
„Одвратно“, „За мене ваквото нејзино однесување е во ранг на Маца Дискреција“, гласат дел од коментарите напишани од корисниците на социјалната мрежа Твитер. „Ова е само за на сајт за возрасни“.
Потсетуваме, Теодора неодамна беше под нов напад на коментари на социјалните мрежи, кога на Твитер се појавија слики од Матиќ Ребац со девојка за која се шпекулира дека е во врска, додека со Теодора патува на егзотични дестинации. Џехверовиќ и словенечкиот кошаркар цело лето привлекуваат внимание на социјалните платформи, а иако неколку пати биле фатени на иста локација, се уште не ја потврдиле врската.
фото:Инстаграм принтскрин