По ова видео Теа Таировиќ и официјално може да ја добие титулата „кралица на бакшишот“ бидејќи ги собори сите рекорди во брзина на земање пари во секунди.
Имено, Теа настапила во Нови Пазар на приватна прослава каде ја опсипале со пари. Таа направи атмосфера за паметење, а тоа го наплати „дебело“.
View this post on Instagram
Иако е сè уште млада на естрадата, Теа има сериозни хитови кои се бараат на речиси сите прослави, а еден од најголемите е „Хајде“.
Токму во моментите кога таа го изведуваше, гостите станаа на нозе да „дивеат“ со пејачката, а потоа почнаа да ја опсипуваат со евра.
„Летаа“ банкноти од 100 и 200 евра, а во нејзините раце можеме да видиме над 1.000 евра за само 40 секунди, колку што трае видеото.
Во еден момент едвај ги држеше сите пари во раце, но топло им се заблагодари на сите што и дадоа бакшиш.
фото:Информер.рс принтскрин/Инстаграм