Пејачката Каја Остојиќ преку личниот Инстаграм профил на своите следбеници им откри дека ја ограбиле, а потоа поради комбинацијата на претрпен стрес и силното темпо на работа, како и бурниот начин на живот, завршила на инфузија.
Каја работи напорно, настапува и тренира, па нема сомнеж дека овој начин на живот и е многу исцрпувачки, а кога на тоа се накалемил и стресот поради грабежот во нејзиниот дом, јасно е која е прилината за нејзината последна објава на социјалните мрежи.
Остојиќ на својот профил сподели видео на кое се гледа како прима инфузија, а објавата ги загрижи нејзините бројни обожаватели и предизвика шпекулации во јавноста.
„Животот е убав, а најдоброто допрва доаѓа“ – напиша пејачката во објавата, а потоа ги шокираше корисниците на социјалните мрежи признавајќи дека еден од соседите ја ограбил. До душа, сите кога крадат ги интересира каде се крие златото, кешот, паричниците, а овој на Каја и ги „дрпнал“ звучниците!?
„Бидејќи има луѓе што крадат звучници од туѓи станови, сега ќе купам уште подобри и поубави“ – напишала пејачката во пораката за инает на нејзините комшии – арамии.