Поранешната задругарка и инфлуенсерка Луна Ѓогани го загуби своето бебе. Луна и Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб. За ова дознале пред неколку дена и открија што се случило. Како што наведоа, според лекарот, се се случило поради вирус кој поминал низ Луна.
– За жал, го загубивме бебето, бидејќи плодот не успеа да се зацврсти во првите 12 недели. Не сакавме да зборуваме за тоа веднаш. Не сакаме премногу да разговараме за тоа. Вирусот поминал низ мене, тоа ни го кажа докторот. Плодот беше многу мал и чувствителен. Срцето на бебето престана да чука – изјави Луна Ѓогана.
Да потсетиме, Луна тврдеше дека почувствувала дека повторно е бремена, бидејќи според неа била помирна. Ниту таа, ниту Марко не ја криеја среќата на оваа вест, а на новото доаѓање се израдувала и нивната ќерка Миа.
– Чувствував дека сум бремена, но се плашев да го направам тестот. Мама наеднаш ме праша како би било да родиш бебе. Во тој момент и кажав дека ми доцни циклусот и ме натера да направам тест. Тоа се случи во тоалетот на ресторанот во кој бевме и тестот беше позитивен. Бев шокирана, а мама почна да плаче – изјавила Луна неодамна штом дознала дека е бремена.
Фото:Принтскрин/Инстгарам/С.Крстиќ