Водителката на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска изминатите години немаше пракса да открива детали од својата приватност и љубовниот живот пред очите на јавноста, но сега веројатно поради силните љубовни искри, Еленче пред сите ја покажува љубовта со саканиот Бојан.
Стефановска е активна на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии од своја емисија, ги промовира своите пријатели…но не го крие ниту својот приватен живот.
Овој пат, уште еднаш гордо се пофали со тоа дека нејзиниот Бојан не само што е домаќин човек, туку е одличен и во кујната.
Така таа често знае да сподели фотографија од рецептите со морска храна кои и ги подговтил, да покаже како го поминуваат времето заедно или пак да му упати емотивна порака.
Веројатно на овој шеф омилено му е да готви морска храна која често е на нивната трпеза, а ниту Елена не сакаше да остане покуса и да се покаже дека е вредна домаќинка, па му завитка сарма.
Инаку, Елена и Бојан наскоро ќе го кажат судбоносното „да“ и налето ќе прават свадба, а дотогаш во една прилика Елена кажа:
View this post on Instagram
„Само да сме живи и здрави. Се што ни е потребно е љубов“.
View this post on Instagram
За потсетување, Бојан ја запроси Елена на патување во Русија, а потоа следеше прослава со пријателите во нивниот дом.
фото:Инстаграм/Елена Стефановска