Радио Милева љубовниот живот - Мртво море...

Теа Таировиќ се пожали дека е „запечена“: „Распишувам конкурс за момче, вака веќе не оди… никој не ми приоѓа“!? (ФОТО)

Теа Таировиќ се пожали дека е „запечена“: „Распишувам конкурс за момче, вака веќе не оди… никој не ми приоѓа“!? (ФОТО)

Иако навидум атрактивна, згодна, сексапилна… сепак пејачката Теа Таировиќ се пожали дека е „запечена“. Расната фолкерка вели дека е тотално „зарибана“, дека мака мачи и нема среќа во љубовта, но и тоа дека мажите не и приоѓаат!

Не се движам многу и тогаш немам можност да ми пријдат и поделат комплименти во живо. А и нешто е непријатно ми е кога некој толку многу ме фали, што  претерува во тоа. Не ми е доволно само да кажам благодарам во тој момент и тогаш не знам што да додадам на комплиментот.

На емотивно ниво, ништо не се смени, и понатаму љубовниот живот ми е една голема катастрофа. Мртво море. Ќе мора да го барам принцот на бел коњ по весниците, ќе распишам голем конкурс“ – вели пејачката.

Теа исто така истакна дека започнала да работи и е многу среќна што повторно е со публиката.

„Настапувам многу во Бугарија, така што не сум лишена од настапи последниот месец. Нашиот пазар полека се отвора, имам многу закажани настапи во текот на летото. Безбедноста на луѓето е на прво место, но мило ми е што сè се враќа полека во нормала и што пејачите ќе можат да работат и да си го заработат парчето леб“ – вели Теа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

To top