Во период на адаптација кон топлото време, пејачката Андријана Јаневска си обезбеди играчка со која ќе се разладува, забавува, превезува…
Станува збор за мотор од марката „Suzuki V STROM 1000“ со кој Андријана се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
„Како ви се допаѓа мојата нова играчка?“ ги праша таа своите пријатели и следбеници, а сите се сложија дека изгледа опасно качена на големиот мотор, други пак, се изненадија дека таа воопшто управува со него.
Инаку, Андријана Јаневска деновите исто така откри дека работи на нова песна во своето домашно музичко студио.
Дали и кога е музиката во прашање ќе произлезе нешто сосема неочекувано како моторов, останува да видиме….
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.