Вонредната состојба од кризата поради пандемијата на коронавирусот и домашната изолација, не се никаква пречка во домот со саканите да ги одбележиме деновите кои ни значат и носат убави чувства – родендените.
Пејачката Аделина Тахири неодамна го славеше својот роденден, токму на токав начин, во домашен амбинет.Таа наполни 28 години, а по тој повод домот беше украсен со многу бели балони и цвеќиња.
Посебна беше и колоритната роденденска торта со која славеничката позираше за своите следбеници на социјалните мрежи, облечена во бело кежуал издание и ноншалантна фризура.
Честитките упатени на нејзина сметка се нижеа една до друга со искрени желби за уште една убава година плус во животот на убавата Аделина.