Ако деновиве случајно на Групер налетате на нова зделка со попуст, за еден од најпопуларните мали кујнски апарати наречен „Нутрибулет“ или екстрактор на хранливи состојки кој ги ослободува сите хранливи материи кои продуктите ги содржат, знајте дека ништо не случајно.
Всушност кај Нина – Групер ионака ништо не е случајно, освен едно: случајно и го снема нејзиниот „Нутрибулет“. И тоа од местото кое треба да биде најчувано – Министерството за финансии.
Имено, чуварот на државната каса останала без својот „екстрактор на хранливи состојки“, па сега има проблем. Нутрибулетот на Нина бил украден пред некој ден токму од просториите на Министерството, па министерката сега е лишена од своите смути појадоци. Вака дисбалансирана во исхраната на Нина тешко и оди балансирањето на финансиите.
Арно ама, како што владата за која работи е полна со матни типови и секој од нив знае нешто да „смути“, не е чудо ако некој и шепне решение за проблемот во кој се нашла. Стави го „Нутрибулет“ на Групер и за Нина ќе биде супер.
Ем, ново машинче за витимински појадок полн хранлива материја, ем екстра профит во серија.
Заради украдениот „Нутрибулет“ на Нина нема да и падне ни имунитетот ни дигнитетот… Може само на државната каса да и падне бонитетот. Да се живи новите задолжувања кон странските банки и светот. Неа за буџетот ионака не и битно, зашто брои ситно. Ма нејзе всушност и е супер… Да и е жив Групер!
А тоа што ниту својот „Нутрибулет “ не умее да го зачува, а камо ли парите на граѓаните… Тоа е она што го гледате и самите. Ова чисто онака, за да не мора никој да ве убедува и збори што треба да сторите, кога ќе дојде денот за гласање на изборите.