Македонската поп пејачка, Каролина Гочева, заедно со својот сакан сопруг, сликарот Михаил Корубин, го уживаат медениот месец.
Првин престојуваа во Канда, па заминаа за Мексико, а сега се упатија кон Лос Анџелес.
За спомен на убавите и неповторливи мигови, Михо и Керол постојано фотографираат, а тоа го објавуваат и на социјалните мрежи.
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/01/u5.jpg)
По студените денови во Торонто, Каролина се релаксираше под топлите сончеви зраци во хотелот Nomade Tulum, каде пред заминување направија една романтична фотографија која изгледа како разгледница.
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/01/19074089_1061404587334938_426468672_n.jpg)
Вљубените гулапчиња покажаа дека добро се прилагодуваат на температурните разлики, па и кога е екстремно студено, нив ги грее љубовта.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.