Радио Милева Благословена

„Моја божиќна снегулко“: Сузана Турунџиева со фотографии од болница покажа дека пред 14 години Бог ја дари со чудо! (фото)

„Моја божиќна снегулко“: Сузана Турунџиева со фотографии од болница покажа дека пред 14 години Бог ја дари со чудо! (фото)

Православните христијани три дена го празнуваат Божиќ, а на ТВ водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева празникот пред 14 години и покажа и докажа дека навистина е магичен!

Имено, Сузе пред речиси деценија ипол на втората божиќна вечер стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќеркичката Матеа која сега наполни 15 години.

Бог ја благослови и ја даруваше Сузе со нејзниното второ чудо, мачинско, најволшебно, најубаво…

Секој Божиќ оттогаш има дополнително значење и симболика, божично-роденденска. Без оглед на годините и поминатото време, убавото чувство останува, а сеќавањата на една мајка секогаш остануваат свежи.

Матеа е честа придружба на мајка си каде и да оди, па иако веќе е потпорасната убавица, таа најчесто сака да и биде друштво на мама.

Со колаж фотографии од моментот кога се роди, па се до нивните понови заеднички мигови, Сузана го честиташе роденденот на своето божиќно чудо.

-Среќна 14-ка моја божиќна снегулко, гласи во описот на објавата.

Ќерките можат да го надраснат мајчиниот скут, но никогаш и мајчиното срце…

Среќен роденден и честит Божиќ!

фото:Инстаграм/Фејсбук/Сузана Турунџиева

To top