Мажите навистина не сакаат целосно извајана фигура.
Странска веб-страница посветена на фитнес спроведе истражување за привлечните физички карактеристики на двата пола, а резултатите доведоа до интересен заклучок.
Еден дел од телото за кој жените често се чувствуваат несигурни и го кријат, мажите го наведуваат како посакувана женска физичка карактеристика.
Се работи за стомакот.
Дури и мажите кои сакаат мускулести и атлетски извајани жени изјавија дека стомакот е секси и дека претпочитаат да го гледаат на жена, наместо на извајани стомачни+.
Кога станува збор за лицето, 87 отсто од мажите изјавиле дека прво ги забележуваат очите, а потоа усните.
Мнозинството од машките испитаници потврдиле дека претпочитаат „просечен“ изглед на женско тело, додека атлетски градено женско тело е приоритет само за три отсто од анкетираните мажи, пишува порталот „Zadovoljna.hr“.
Извор: Попара.мк