Еден странски магазин направил истражување за жените, поради кое многумина се зачудиле.
Истражувањето покажало дека 68 отсто од жените биле спремни да се откажат од секс на еден месец, во замена за идеално тело. Притисокот да ослабнат пред лето го чувствуваат дури 82 отсто од жените.
Околу 50 отсто од жените го мразат својот стомак, додека 29 отсто од нив најмногу се несигурни поради своите колкови. Повеќето жени вежбаат за време на пролетните месеци, за да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47 отсто од нив признаваат дека најмногу прават стомачни и други вежби за струкот.
За што поголема популарност на социјалните мрежи, носењето бикини може да предизвика непријатност, а жените кои чувствуваат притисок да ослабнат, во голем дел за тоа ги обвинуваат социјалните мрежи.
извор:точка.ком.мк