Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин наречен интерферон, кој вообичаено се лачи кога телото треба да се бори против вируси.
Протеинот наречен интерфон, ги прави жените многу посилни и поенергични, па затоа свежо вљубената жена може со ноќи да не спие од возбуда, а да јаде сосема малку и повторно да биде енергична и продуктивна.
Во истиот период, поради големата возбуда, нејзината физичка појава е уште попривлечна и по атрактивна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи токму во моментот кога таа се вљубила во некого.
Поради активноста, енергијата и чувството на вљубеност, жената речиси и заборава да јаде, па набрзина може да изгуби и по некој килограм и да забележи дека облеката ѝ е малку поширока по само 4-5 денови.
Кога се намалува нивото на овој протеин, или кога таа ќе почне да се стабилизира, тогаш доаѓа фазата во која сфаќа дека или ја нашла љубовта на животот или дека момчето, сепак, не би го избрала за партнер.