Родинини и пријатели често чувствуваат потреба да им “солат памет“ на мајките. Овој текст е прекрасен, напишан како во име на едно дете.
Иако измислен, испраќа силна порака дека мајката најдобро знае како да го чува своето дете.
Драга мамо, вчера ја слушнав твојата тетка како вели дека не треба да ме доиш навечер, дури и баба рече дека морам да спијам сам во мојата соба. Исто така слушнав дека плачењето е добро за развој на белите дробови и дека мојата мала братучетка од три месеци спие цела ноќ сама во нејзината соба.
Ама мамо, јас не сум “таа“, јас сум твоето бебе. Знам дека овие зборови те вознемирија и дека ноќва мислеше дали некаде навистина грешиш. Знам дека често си уморна, нели? Гледам дека понекогаш додека ме доиш плачеш… и жал ми е мамо.
Мамо, не се будам затоа што сум размазен или затоа што сакам да те расплачам. Се будам затоа што се чувствувам несигурно, се плашам, ми недостигаш или понекогаш затоа што сум гладен.
Не знаеш како се чувствувам кога сум покрај тебе. Тоа е како балоните на љубовта да експлодираат во вашата уста.
Продолжувам да учам секој ден, понекогаш спијам цела ноќ, друг пат сакам да си играм затоа што веќе одморив и спиев, го развивам МОЈОТ природен пат.
Имај трпение со мене, те молам…
Предупреди ја твојата тетка и баба дека секое семејство е уникатно и дека јас и ти избравме ваква врска.
Држи ме, чувај ме, биди блиску до мене. Никој не учи ништо ако е сам и во страв, освен што учи да биде осамен.
Те сакам и ти се восхитувам.
Еден ден ќе ги сакам моите деца со истата посветеност што ја чувствувам од твоја страна.
Прекрасно е да се биде сакан и пазен… колку сум среќен што сум само твое бебе, благодарам. Те сакам!
Извор: Курир.мк