Сабина Сакиќ, сопругата на починатиот Синан Сакиќ е потресена што утрово познатиот пејач го напуши овој свет.
Таа низ солзи откри дека никој од неговите колеги не и се јавил.
„Никој од колегите не ми се јави. Не знам зошто. Можеби затоа што не се јавувам на телефон, но навистина не знам зошто. Никој не ми понуди помош, изјави Сабина и додава:
„Многу сум лута, бесна поради се што се случи. Ве молам, куќата ми е полна, тоа е се што можам да ви кажам, вели Сабина за „Блиц“.
Минатата година тој имаше операција на која му беа вградени стентови во жолчните канали, но лекарскиот конзилиум составен од еминентни лекари од неколку балкански земји констатирал дека тоа не е трајно решение и дека пејачот сепак ќе мора да оди на трансплантација на црниот дроб.
фото: Фејсбук