Без разлика дали сте биле во несреќна врска или никој не ви прави мерак, постојат неколку знаци преку кои вашето тело си бара малку повеќе акција во кревет.
Мажите немаат монопол врз влажните соништа. Жените кои подолго време немале секс, а особено оние кои не се склони кон самозадоволување честопати знаат да сонуваат за она што им недостасува во животот.
Ендорфинот кој се лачи за време на сексот е лек за сите секојдневни проблеми и грижи па, затоа, зголемениот стрес и нервозите се уште една причина да се „фатите за работа“. Сексот го регулира крвниот притисок кој пак директно влијае на вашето расположение.
Долгото време без секс ја убива желбата за интимни средби, ве втурнува во депресија и состојба на индиферентност кон интимност. Секс терапевтката Холи Ричмонд советува себезадоволување за одржување на здрав сексуален нагон.
Иако жените сметаат дека одморот од сексуално активна врска ќе им дозволи време за себе, напорот кој го вложуваат кон физичкиот изглед изгледа беспполезен. Жените остануваат без околу 1200 калории кои инаку би ги потрошиле имајќи секс.
Хормоните кои се лачат за време на сексот ја зголемуваат издржливоста, мотивацијата и го подобруваат сонот. Жените без допамин наутро се „гроги“ и воопшто немаат желба да вежбаат, а недостатокот на мотивација ја прави секоја вежба уште потешка и ве тера да се откажете.
Извор: Попара.мк