Љубов и Секс

Што по разводот: Четири знаци дека сте спремни за нова љубов

Што по разводот: Четири знаци дека сте спремни за нова љубов

Разводот сам по себе е стресен, без разлика дали ќе се разделите на мирен начин или со тензија. Потребно е време за да бидете во состојба да запознаете нова личност и емоционално да се поврзете за неа.

Веднаш по разводот ќе ви биде потребна поддршка од блиските луѓе, пишува Your Tango. Пријателите и семејството се доволни, нивното друштво ќе ви биде потребно за да се адаптирате на новата ситуација. Исто така, ќе минете низ тешка психолошка криза, па потребно е да посветите време за себе и за личните потреби.

Овие четири знаци ќе ви покажат дека сте подготвени да продолжите понатаму:

1. Не размислувате толку често за бившиот или бившата

По развод луѓето најчесто ги анализираат сите работи кои тргнале наопаку. Тие се налутени и повредени, има и период кога се чувствуваат лошо и поради сопствениот удел кој придонел за разделбата. Може да се лутат на самите себе бидејќи порано не го прекинале односот.

Овие негативни мисли го измачуваат човекот и понекогаш е потребна и стручна помош за да се надмине тој период.

Но, кога ќе забележите дека се будите со исчекување за нови можности во животот, кога нема да ве измачуваат болката и гневот кои долго време сте ги чувствувале, тогаш ќе знаете дека сте подготвени да продолжите напред.

2. Уживате во излегувањата со пријателите и дружбата со семејството

По разводот може да се појави период кога нема да сакате никого да видите. Ќе сакате само да бидете во вашиот кревет и да спиете, последна работа на ум ќе ви биде да се соочите со пријателите и со семејството

Сето тоа е последица од срамот што го чувствувате поради неуспехот на врската и ќе излезете единствено ако некој ве извлече од дома.

Но, ќе дојдат и подобри денови кога ќе посакате да излезете со пријателите. Ќе забележите дека вашето лице е повторно насмеано и дека сте исполнети со енергија.

Човек се уморува од осаменост, а тоа е јасен знак дека треба да продолжи напред.

3. Гневот го нема

Во текот на разводот и по него веројатно ќе чувствувате горчина и гнев кон партнерот поради сето тоа што се случува, но и затоа што сте дозволиле да дојде до ваква ситуација.

На почетокот веројатно ќе ја обвинувате другата страна, но со текот на времето ќе почнете да увидувате дека и вие имате дел од вината.

Повеќе нема да чувствувате потреба на пријателите да им зборувате лошо за бившиот или бившата.

4. Ќе почнете да развивате сочувство кон себе

По разводот можеби ќе чувствувате различни последици, ќе паднете во искушение да се прејадувате, можеби ќе имате проблеми со заспивањето, ќе најдете утеха во алкохолот или нешто слично.

Но, ако сакате да одите напред во животот мора да се соочите со болката. За тоа е потребно храброст, но колку повеќе си дозволите да ја почувствувате болката толку болката ќе има помала контрола над вас.

Со текот на времето повторно ќе продолжите да се грижите за себеси. Ќе јадете поздрава храна, подобро ќе спиете. Ќе правите ситници со кои ќе си угодувате себеси. Ќе сфатите дека може да пробате некои нови работи во животот кои отсекогаш сте ги сакале, но претходно сте немале можност за нив

извор: кајгана

To top