Љубов и Секс

Разводите се најчести во оваа година од бракот

Разводите се најчести во оваа година од бракот

Секој од нас сака тоа да трае цел живот, но разводите денес се честа појава. Доколку мислите дека бројот на години кои сте ги поминале со својот партнер е клучен за опстанок во бракот, тогаш се лажете.

Научниците се занимавале со темата брак и развод, а ги интересирало после колку години брак најчесто луѓето се разведуваат. Тимот од Универзитетот во Берн во Швајцарија, проучувал 165.000 луѓе во Велика Британија и 15 други земји. Тие биле испрашувани за тоа колку се задоволни од својата врска.

Откриено било дека паровите најмалку се задоволни со односот после 10 години брак, но овој податок не го изненадил тимот којшто ги проучувал.

„Во текот на врските, паровите помалку разговараат едни со други. Исто така покажуваат помала наклонетост кон сексуалното возбудување. Со текот на времето тоа партнерите ги прави помалку задоволни, па многу ќе се разведат токму поради таа причина“, изјавиле од тимот.

Секако, тоа не мора да е нужно така, напоменуваат научниците. Доколку парот сака да работи на решавање на односите, доколку и двајцата партнери сакаат да комуницираат и да си дадат разбирање, разводот не е опција.

Научниците кажале дека задоволството во врската повторно започнува да расте пред 20-годишнината.

Тимот од Швајцарија кој работел на студијата покажал дека подигнувањето на свеста на луѓето за тоа дека треба да доживеат пад во врската помага да се спротивстават на нереалните очекувања.

извор:точка.ком.мк

To top