Трационалните заостанати стереотипи сметаат дека жените се оние коишто ќе направат сè за да го задржат партнерот, но дали е тоа така?
Според податоците за развод на браковите, во повеќето случаи, жените се оние коишто се иницијатори за развод.
Студиите покажуваат дека во денешно време жените се поголеми иницијатори за развод за разлика од мажите, и тоа дури до 70%.
Брачните терапевти, психолози и адвокати откриваат зошто е тоа така.
Жените се многу повеќе од домаќинки
Жените се рамноправни со мажите, тие имаат кариера на која се посветени, па затоа не се грижат за тоа што ќе останат сами бидејќи се финансиски независни.
Мажите пак, се чувствуваат загрозено доколку нивните сопруги заработуваат многу повеќе од нив, што често е голема причина за расправии.
Затоа, доколку жената чувствува дека нејзиниот сопруг ја уназадува и ја спречува да напредува, доколку самата се грижи за домашните обврски и децата, таа прва ќе биде онаа којашто ќе ја спомне темата развод.
Жените се поемотивни
Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат брачните парови е недостаток на комуникација, а тоа често произлегува од фактот дека мажите и жените поинаку ги перципираат емоциите.
Жените повеќе не толерираат недолично однесување
Жените коишто се финансиски независни сметаат дека е подобро да се сами отколку во несреќен брак. Тие не можат да го поднесат љубоморниот сопруг кој ги малтретира и ги унесреќува.
извор: Кајгана